Почитувани,

 

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) изразува апсолутна поддршка и солидарност на Независниот академски синдикат (НаКС) во борбата против изигрувањето на Законот за работни односи и формирањето на нелигитимен синдикат од страна на управата на УКИМ во договор со Министерството за образование. Формирањето на синдикална организација од страна на работодавецот е оксиморон и флагрантно кршење на ЗРО и правото на вработените за синдикално здружување. Недозволиво е ваквите девијантни појави да извираат од столбот на македонското високо образование чија должност е да изгради интелектуалци со развиена свест за демократија и општествена одговорност. Го повикуваме УКИМ да се откаже од овој ноторен проект кој што го прекршува Законот, ги руши демократските принципи и идеалот за Високо образование и кој ќе има страшни последици на домино ефект во целото општество.

 

Со почит,
Советот на СКРМ