Врз основа на чл.80 од Статутот на Независниот академски синдикат (НАкС), на Седницата на Советот на НАкС одржана на ден 21.12.2016 година, се донесе следната:

О Д Л У К А

за начинот на распределба на членарината на членовите на НАкС

 

  1. Синдикалната членарината на членовите на НАкС која изнесува 0,5 одсто од нето платата на членот на Независниот академски синдикат се распределува на следниот начин (структура во %):
  • 10% од вкупно прибраните членарини – се уплатува во Солидарниот фонд;
  • 90% од вкупно прибраните членарини – се користи за финансирање на функциите на Синдикатот.
  1. Месечната членарина, во износ од 0,5 одсто од нето платата на членот на НАкС матичната институција, односно лично членот на НАкС, ќе ја уплаќа на жиро сметката на НАкС: 370001100161709 – Еуростандард Банка АД Скопје со Единствен даночен број 4057016532165.
  • 10% од средствата наменети за Солидарниот фонд се префрлуваат на подсметката на НАкС за Синдикалниот фонд: 370001200173268 – Еуростандард Банка АД Скопје.
  • Преостанатите 90% од уплатените членарини кои се користат за финансирање на функциите на Синдикатот остануваат на жиро сметката на синдикатот.
  1. Средставата предвидени со претходната Одлука на Советот од 26.04.2016 год, за повраток на синдикалните организации, ќе се уплаќаат на нивните подсметки откако ќе се обезбедат доволно средства за функционирање на НАкС – синдикат на повисоко ниво, за што ќе се донесе посебна одлука во која ќе биде утврдена висината.
  2. Надзор на прибирањето и распоредувањето на средствата од синдикалната членарина на НАкС врши Надзорниот одбор согласно одредбите на Статутот на НАкС.
  3. Измени и дополнувања на оваа Одлука врши Советот на НАкС на начин и постапка по која е донесена оваа Одлука.
  4. Оваа одлука за распределба на членарината ќе почне да се применува од денот кога истата е донесена.

 

        Претседател на НАкС

             Маја Стевановиќ