Во прилог можете да ги најдете обраќањата на истражувачите проф. д-р Петар Атанасов, доц. д-р Јован Близнаковски и проф. д-р Бојана Наумовска, за документот Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди.

Вовед во документот

Во текот на 2021 година се спроведе истражувачки проект насловен како „Квалитетот на наставата во високото образование“, реализиран од голем тим од Независниот академски синдикат (НАкС) во соработка со Фондацијата Отворено општество − Македонија. Беа спроведени повеќе аналитички и истражувачки активности како анкета, фокус групи и компаративно истражување. Темите ги опфаќаат сите поважни аспекти на високото образование и научната дејност. Од академскиот кадар беа анкетирани 400 професори и асистенти од факултетите и 51 професор од научните институти и јавните научни установи од четири државни и еден приватен универзитет.

Според професорите, едно од најважните прашања на кое треба континуирано да му се обрне најголемо внимание е младиот наставен и научен кадар: нивното вработување, усовршување, напредување, финансирање на нивните истражувања, поддршка за публикување, како и нивна промоција во значаен и вреден дел од нашата општествена стварност.

Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.