Во интервјуто за Умно, насловено „На студентите им фали пракса, неспремни за работа ги завршуваат студиите“, проф. д-р Петар Атанасов зборува за наодите на истражувањето за „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“, кое го работеше заедно со проф. д-р Бојана Наумовска и доц. д-р Јован Близнаковски.
Според Атанасов, истражувањето покажало дека едно од најважните прашања на кое треба да му се обрне најголемо внимание е младиот наставен и научен кадар: нивното примање, усовршување, напредување, финансирање на нивни проекти и истражување, поддршка за публикување и нивна промоција во значаен и вреден дел од нашата општествена стварност.
– Ние мора да ги задржиме најкреативните и талентирани кадри пред да заминат во некоја друга држава. Треба да се воведуваат што поголем број стипендии за втор и трет циклус на студии за талентираните студенти во сите области. Истовремено, да се обезбедат целосни стипендии за младиот научноистражувачки кадар вработен на универзитетите и зајакнување на практичното знаење и искуство на студентите – вели Атанасов.
Целосното интервју прочитајте го на Умно.мк