НАкС организира отворена дискусија за Законот за високотo образование
Ве повикуваме да присуствувате на отворената дискусија „Законот за високото образование: Искуства од примената и потреба за промени“, во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) што ќе се одржи во петок, 16. декември 2022 год. со почеток од 11.00 часот во Кинотека на Република Северна Македонија (ул. Никола Русински бр. 1, Скопје, линк на „Google Maps”).
Дискусијата има за цел да се идентификуваат искуствата од спроведувањето на Законот за високото образование (ЗВО) во сите негови аспекти, од гарантирањето на автономијата и начинот на нејзината реализација до одговорноста на високобразовните установи за спроведување на законот, и секако, идентификување на неговите слабости. НАкС смета дека единствено врз основа на така идентификуваните состојби би требало да се артикулираат потребите за измена и дополнување на ЗВО.
На отворената дискусија НАкС ги повикува сите членови на академската заедница, органите на управување во високобразовните установи и клучните институции за високото образование. Дискусијата ќе биде структурирана според поглавјата на Законот за високото образование.
Дневен ред
10.45-11.00
Регистрација на учесниците
11.00
Отворање на настанот – проф. д-р Елена Џукеска
11.00-11.15
Уводен збор – проф. д-р Неда Здравева
11.15-12.15
Закон за високото образование
од глава прва до глава петта
– модератор проф. д-р Неда Здравева
12.15-12.30
Пауза
12.30-14.00
Закон за високото образование
oд глава шеста до глава деветта
– модератор проф. д-р Маја Стевановиќ
14.00-14.15
Пауза
14.15-15.15
Закон за високото образование
од глава десетта до глава шеснаесетта
– модератор проф. д-р Неда Здравева
15.15-15.30
Завршна дискусија