НАкС – ЗА АВТОНОМИЈАТА И ОДГОВОРНОСТА
Почитувани,
Во изминативе два месеци, Независниот академски синдикат(НАкС) континуирано ја информираше академската заедница на УКИМ, јавноста и институциите за бројните неправилности во постапката за избор на ректор на УКИМ. Нашиот став беше и остана дека ваквите неправилности во постапката за избор на ректор ја загрозуваат демократијата на универзитетот, која е темел на неговата автономија. По низата перипетии во постапката за избор на ректор, денеска тројца од кандидатите за ректори се повлекоа од изборите
- На 26.06. затоа што на УКИМ му е одземено правото да добие ректор во транспарентна, објективна и фер процедура. Професорите и студентите се спречени директно да се запознааат со програмите на кандидатите, да им постават прашања, а кандидатите да дебатираат меѓусебно за сите теми. На нашите колеги им е оневозможено да одлучат врз основа на информирана определба.“ НАкС ја поздравува оваа одлука на кандидатите за ректор. Ние од НАкС длабоко веруваме дека „Автономијата на високообразовните установи ја вклучува и одговорноста на членовите на академската заедница кон општествената заедница во којашто дејствуваат„
- Наша одговорност е да се бориме ова општество да биде слободно и демократско. Веруваме дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата високобразовна установа во оваа држава, и неговата академска заедница треба да покажат дека во својата дејност ги уважуваат „хуманистичките и демократските вредности“
- Нашата заложба изминатите два месеци беше токму тоа. Затоа, ги повикуваме нашите колеги, професорите и студентите, да не учествуваат на утрешните избори и да одбијат да бидат дел од незаконскиот и недемократски начин за избор на ректор. Со тоа, академското јадро на УКИМ ќе покаже вистинска грижа и подготвеност да се бори против злоупотребата на функциите и процедурите, особено кога тоа доаѓа од сопствената средина. Свесни за можните притисоци и закани со последици, особено врз помладиот универитетски кадар и студентите, ги потсетуваме оние кои сепак ќе се решат да се појават на утрешните избори дека секогаш можат своето несогласување со ваквиот процес, подеднакво јасно и недвосмислено да го изразат и на гласачкото ливче.
Искрено ваш,
НАкС
1 проф. д-р Драги Димитриевски; проф. д-р Петар Атанасов; проф. д-р Вујица Живковиќ
2 Член 7, став 3, Закон за високото образование
3 Член 3, став 2, точка 4, Закон за високото образование