Краток извештај: Краток извештај од анализата за стипендирањето студенти (.pdf)
Автори: проф. д-р Мимоза Ристова, проф. д-р Виктор Стефов, проф. д-р Мирјана Најчевска
Опис:
Доделувањето стипендии за студирање надвор од Република Севрна Македонија претставува еден од начините за поддршка на развојот на заедницата преку овозможување на студии кои не се застапени или не се доволно развиени во Северна Македонија, проширување на знаењата на студентите со цел зајакнување на академската заедница во државата, одговор на потребите искажани од страна на бизнис заедницата.
Со оглед на тоа дека станува збор за доделување неповратни средства од Буџетот на државата наменет за развој на високото образование на физички лица, од исклучителна важност е да се утврди како се доделуваат овие средства и кои се резултатите од остварениот студиски престој во странство за пошироката заедница, академската заедница во државата и бизнис секторот.
Во анализата се користени податоци добиени од страна на Министерството за образование и наука, законски и подзаконски акти со кои се регулира релевантната материја и податоци достапни на интернет.
Анализата е структуирана во два дела:
- Анализа на податоците за доделени стипендии за студирање во странство за додипломски, магистерски и докторски студии.
- Анализа на законската и подзаконска регулатива со која се определуваат критериумите за доделување стипендии и се одредуваат обврските на корисниците на стипендии.
Основаната цел на оваа студија е да ги анализира состојбите во високото образование на Република Македонија поврзани со стипендирањето од МОН на наши државјани да студираат на еден од светските универзитети и ефектите за нашата држава од таквото буџетско зафаќање.
Досега само неколку електронски медиуми имаат објавено написи кои го покреваат прашањето за успехот, ефикасноста и придобивките од овие стипендии за Република Северна Македонија, но ниту една од владејачките гарнитури не направила анализа или ревизија, ниту пак покренала какви и да било измени. Така, на пример, Радио Слободна Европа на 11.12.2021 година има објавено аналитичка сторија под наслов „Државата стипендира студенти во странство, па ги „заборава’’. Во овој напис се изнесуваат податоци за бројките на стипендираните студенти и за потрошените буџетски средства, но и за судбината на некои од вратените студенти кои го исполниле договорот, но не добиле ангажман (вработување) од државата, па си заминале за да си го остварат правото на работа надвор од неа.
Нашата студија има за цел да ги истражи фактите во врска со професионалните патеки на овие стипендисти, без да навлегува во причините за евентуалното заминување од земјата и неисполнување на договорот.
Проектот е финансиран од сопствените средства на Независниот
академски синдикат – НАкС, 2023 година.