Истражување: Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди (.pdf)
Автори: проф. д-р Петар Атанасов, проф. д-р Бојана Наумовска, доц. д-р Јован Близнаковски
Опис: Во текот на 2021 година се спроведе истражувачки проект насловен како „Квалитетот на наставата во високото образование“, реализиран од голем тим од Независниот академски синдикат (НАкС) во соработка со Фондацијата Отворено општество − Македонија. Беа спроведени повеќе аналитички и истражувачки активности како анкета, фокус групи и компаративно истражување. Темите ги опфаќаат сите поважни аспекти на високото образование и научната дејност. Од академскиот кадар беа анкетирани 400 професори и асистенти од факултетите и 51 професор од научните институти и јавните научни установи од четири државни и еден приватен универзитет.
Според професорите, едно од најважните прашања на кое треба континуирано да му се обрне најголемо внимание е младиот наставен и научен кадар: нивното вработување, усовршување, напредување, финансирање на нивните истражувања, поддршка за публикување, како и нивна промоција во значаен и вреден дел од нашата општествена стварност.