Независниот академски синдикат (НАкС) изразува сериозно незадоволство и загриженост поради доцнењето во подмирувањето на комуналните трошоци на јавните високообразовни установи, што доведе до привремен прекин на снабдувањето со електрична енергија на дел од факултетите при УКИМ и во Ректоратот. Сметаме дека повикувањето на ребалансот на буџетот како начин за подмирување на веќе доспеаните обврски не може да биде замена за нивното навремено и редовно финансирање.
Ваквите состојби сериозно го загрозуваат непреченото функционирање на високообразовните установи, условите за работа на вработените, реализацијата на наставната и научноистражувачката дејност, како и правото на студентите на непречено студирање.
Го повикуваме Министерството за образование и наука, согласно со своите законски надлежности, навремено и редовно да ги обезбедува средствата за покривање на комуналните трошоци на јавните високообразовни установи. Истовремено, повикуваме на континуирано обезбедување на потребните услови за редовна и навремена исплата на платите на сите вработени во јавните високообразовни установи, најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, согласно со закон.

