НАкС формираше посебни комисии за постигнување на програмските цели
Независниот академски синдикат на седница на Советот одржана на 20 мај 2025 година донесе одлука за формирање на посебни комисии, со цел структурирано и ефективно остварување на програмските цели на синдикатот. Комисиите кои се формирани се:
Комисија за следење на условите за работа во научната и уметничката дејност
претседател на Комисијата: проф. д-р Виктор Стефов, Природно-математички факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Комисија за следење на условите за работа во високообразовната дејност
претседател на Комисијата: проф. м-р Маја Стевановиќ, Факултет за драмски уметности – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Комисија за колективно договарање
претседател на Комисијата: проф. д-р Стојанка Мирчева, Факултет за безбедност Скопје – Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола
Комисија за финансии и проектни активности на НАкС
претседател на Комисијата: проф. д-р Бисера Станкова, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Во наредниот период, НАкС ќе информира подетално за работата на комисиите.