Покана за дебата: Заштита на животна средина, климатски промени, одржлив развој и високото образование во Република Северна Македонија





Ни претставува чест да Ве поканиме да присуствувате на научно-стручната дебата ,,Заштита на животна средина, климатски промени, одржлив развој и високото образование во Република Северна Македонија,, во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) што ќе се одржи во понеделник, 05 јуни 2023 год. со почеток од 11.00 часот во Europe House (ул. Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје, https://goo.gl/maps/zYcathkTdSu1s74b8 ).

Дискусијата има за цел дебата по прашања кои се значајни за заштитата на животната средина, одржливиот развој и други значајни еколошки прашања. Преку анализа на состојбите со застапеноста на овие области во студиските програми во високото образование, ќе се анализираат состојбите и ќе се предложат решенија за подобрување на истите. Дискутантите ќе имаат можност да дебатираат за влијанието на високото образование во образование на кадри од областа на животната средина, како и создавање на потенцијал во човечки ресурси за имплементирање на глобалните политики за овие значајни прашања.

Со реализација на дебатата ќе придонесеме и за подобрувањето на безбедноста при работа и здравствената заштита на вработените во секторот високо образование, со цел обезбедување на безбедна и здрава работна средина според најсовремените еколошки стандарди, што претставува и програмска определба на НАкС.

Вашето присуство пријавете го на маил mmsazdovska@gmail.com најдоцна до 02.06.2023 год.

Дневен ред

Датум: 05 јуни 2023 (понеделник)
Час: од 11.00 до 13.30 часот
Место: Europe House  (ул. Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје)

10.45-11.00 Регистрација на учесниците
11.00-12.30 Модератор проф д-р Марина Малиш Саздовска

Отворање на настанот – проф. д-р Елена Џукеска, Претседателка на НаКС,

-Воведно обраќање, академик проф д-р Владимир Камбовски, МАНУ, Претседател на Платформа за еколошка правда,

-Зелени чекори низ образовниот систем до зелени и циркуларни економии, Проф д-р Мимоза Ристова, Институт за  физика, ПМФ, УКИМ,
-Еколошка едукација на УКЛО, Проф д-р Марина Малиш Саздовска, Факултет за безбедност Скопје, УКЛО,

-Еколошка безбедност: одржлив развој – одржлива безбедност, Проф д-р Тони Милески, Институт за безбедност, одбрана и мир, УКИМ,

-Климатските политики и обврски на ЕУ и регионално ниво, наспроти националните капацитети и заложби, М-р Фросина Антоновска, Офицер за климатски и енергетски политики за Западен Балкан, CAN EUROPE

-Еразмус мобилност – климатски промени, Христина Митаноска, студент, Факултет за безбедност Скопје, УКЛО,

-Закон за безбедност и здравје при работа и еколошки аспекти, Проф д-р Светлана Николоска, Факултет за безбедност Скопје, УКЛО.

12.30-13.00 Кафе пауза
13.00-13.30 Дискусија