Независниот академски синдикат распишува јавен повик за прибирање на понуди од заинтересирани правни или физички лица за вршење на сметководствени и книговодствени услуги, согласно важечките прописи во Република Северна Македонија.
- Предмет на повикот:
Ангажирање на фирма или овластено лице за водење на сметководство и книговодствени активности, по пат на склучување Договор за деловна соработка.
- Обврски на давателот на услугата:
- Водење финансиско книговодство:
- Главна книга
- Аналитика на приходи и расходи
- Евиденција на побарувања од купувачи
- Евиденција на обврски кон добавувачи
- Изготвување и доставување годишна сметка до надлежни институции
- Изготвување на пресметки (за закуп, договор на дело и др.)
- Секојдневно книжење во согласност со Законот за сметководство
- Изготвување бруто-биланси и аналитички прегледи (по потреба)
- Подготовка и навремено доставување на пресметки за данок
- Обврски на корисникот на услугите:
- Доставување на потребна документација навремено, најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец
- За годишни сметки документацијата да се достави најдоцна до 31.01 за претходната година
- Потребна документација (од страна на корисникот):
- Банков извод со прилози (безготовински трансакции)
- Касов дневник со прилози (готовински плаќања)
- Излезни фактури со заклучници (испратници) и номеклатури
- Влезни фактури со приемници, приемни листи, продажни цени и номеклатура
- Сета друга финансиска документација релевантна за книговодствена евиденција
- Услови кои мора да ги исполнува понудувачот:
- Да е регистриран за вршење сметководствена дејност (како правно или физичко лице)
- Да е член на овластено професионално здружение (Комора на сметководители)
- Критериуми за избор:
- Ценовна понуда
- Искуство и референци
- Достапност и комуникација
- Препораки од други клиенти (ако ги има)
- Начин и рок на доставување на понудите:
Понудите да се достават електронски на е-маил – despotovska@yahoo.com или физички во затворен плик, најдоцна до 25.07.2025 година. - Заштита на податоци:
Сите доставени документи и информации ќе се третираат како доверливи и ќе се користат исклучиво за целите на оваа постапка, согласно Законот за заштита на лични податоци.
За повеќе информации контактирајте не на телефон 076 361 353 – лице за контакт: Деспотовска Светлана