Министерството за образование и наука на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) ги објави нацрт-Законот за високото образование (линк) и на Законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката (линк). Јавната расправа по понудените законски решенија ќе трае до 1. март 2026 год.

Независниот академски синдикат, преку Комисијата за следење на условите за работа во високообразовната дејност активно ќе се вклучи во јавната расправа со подготвување на официјални забелешки и предлози на предложените законски решенија. За таа цел, Комисијата ги повикува членовите на Синдикатот своите коментари и сугестии да ги достават до Синдикатот до 12.02.2026 година.

Предлозите кои ќе бидат испратени ќе бидат анализирани, а Комисијата ќе подготви официјален текст на забелешки и коментари до 18.02.2026 година, по што наведениот текст ќе биде доставен до членовите на Синдикатот на увид и изјаснување.