Претседателката на НАкС, проф. д-р Елена Џукеска, гостуваше со интервју во „Утрински брифинг“ на Слободен печат.

„Поддршката на НАкС за СОНК е јасна, вчера ги прецизиравме следните чекори, но во текот на вчерашниот ден добивме конечно покана за средба во министерството за денеска во 14 часот па да почекаме да видиме кој ќе биди исходот од средбата и ќе знаеме што и како понатаму. НАкС се приклучи кон гранковиот Синдикат. Ние заедно со СОНК потпошавме договор за соработка и доставивме барање да бидеме вклучени во преговорите но се уште не сме добиле одговор по однос на нашето барање. Јас не сум слушнала од МОН ниту јасно да не извести ниту да даде сигнал дека разговорите се движат кон решение. Нашето барање е да се приклучиме кон останатите синдикади за усогласување на минималната плата а на средбите ќе разговараме и за подобрување на условите во високото образование“ изјави Џукеска.

Видете повеќе на оригиналната објава на СлободнаТВ: Проф. д-р Џукеска: Треба да се остави простор за преговори, но право на синдикатите е да извршат притисок