Универзитетската професорка од Независниот академски синдикат Маја Стевановиќ, во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за колективниот договор инициран од Министерството за образование и наука, за покачување на платите и кој врши притисок врз вработените.
„Нема законски пречки за покачување на платата од 10% како што тврди Министерството за образование и наука. За колегите да го добијат ветеното покачување кое што е влезено во буџетот во 2019 не е потребно да се потпише колективен договор, а најмалку е потребно да се потпише непристоен колективен договор, после 30 години независна Македонија, со само еден единствен член со еднократно покачување од 10 проценти. Апсолутно е недозволиво да се потпише колективен договор со квази синдикат кој е основан, инициран и под контрола на ректорите“, вели Стевановиќ.
Додава и дека синдикатите во земјава треба да се реформираат за да се отстрани стереотипот од минатото дека синдикалците се пасивни луѓе кои се врзани единствено за своите фотелји.
Оригинално објавено од: Слободен печат.