Во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) во четврток,18. ноември 2021 год. со почеток од 11.00 часот во Хотел „Карпош“ (ул. Шекспирова бр.2, Скопје) ќе се одржи јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“.

Документот за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“ е изработен во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ од експертскиот тим на Независниот академски синдикат (НАкС).

По претставувањето на документот ќе биде организирана дискусија за презентираните наоди и препораки.

Документот за јавни политики ќе го презентираат авторите: проф. д-р Зоран Велковски, проф. д-р Неда Здравева, проф. д-р Мира Беќар и Борјан Ефтимов.

Агенда на настанот:

Датум: 18.11.2021 год. (четврток)
Час: 11.00 до 12.30 часот
Место: Хотел „Карпош“ – Сала: Затворена тераса (ул. Шекспирова, бр.2, Скопје)
Модератор: проф. д-р Неда Здравева

  • 11.00 – Поздравна реч – проф. д-р Елена Џукеска, претседателка на Независниот академски синдикат (НАкС)
  • 11.05 – Воведен збор – проф. д-р Неда Здравева
  • 11.15 – Пауза
  • 11.20 – Презентирање на документот за јавни политики – проф. д-р Зоран Велковски, проф. д-р Неда Здравева, проф. д-р Мира Беќар и Борјан Ефтимов
  • 11.55 – Пауза
  • 12.00 – Дискусија
  • 12.20 – Завршен збор

Согласно важечките протоколи препорачани од Министерството за здравство за одржување јавни настани во услови на пандемија при влез во објектот посетителите ќе треба да покажат сертификат за целосна вакцинација или потврда за прележан ковид-19  во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето.

Во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ раководен од НАкС изработени се три документа за јавни политики и тоа: документот за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“ што ќе биде јавно претставен на промоцијата што ќе се одржи во Хотел „Карпош“ во недела 18.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот, документот за јавни политики „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“ што ќе биде јавно претставен на промоцијата што ќе се одржи во Хотел „Карпош“ во недела 21.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот и документот за јавни политики „Присуството во јавноста на академскиот кадар и високообразовните установи и нивното влијание во заедницата“ што ќе биде јавно претставен на промоцијата што ќе се одржи во Хотел „Карпош“ во сабота, 27.11.2021 год со почеток во 11.00 часот. Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.

Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на НАкС, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Документите за јавни политики креирани во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ ќе бидат јавно достапни на официјалната интернет страница на НАкС – www.naks.org.mk. / https://naks.org.mk/proekti/