НАкС одржа дебата пред изборите за ректор на УКИМ
Независниот академски синдикат (НАкС) на 23. април 2026 година одржа дебата на која ги покани кандидатите за ректор на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, сегашна ректорка, како и проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет во Скопје. Иако беше понудено одложување на дебатата, како и онлајн-вклучување, на настанот не зеде учество сегашната ректорка Ангелова, поради веќе преземени обврски.
Професорот Данев ја претстави својата визија и програма за водење на универзитетот во идните три години. По презентацијата, се отвори дискусија, на која академскиот, соработничкиот кадар и студентите можеа да му постават прашања на кандидатот за ректор. Дебатата се одржа на Институтот за хемија, а ја модерираше проф. д-р Виктор Стефов. Настанот се пренесуваше во живо на Фејсбук-страницата на Независниот академски синдикат.










