На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во тек е постапката за избор на ректор за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Идниот ректор треба да ги трасира политиките и развојот на универзитетот во време на глобални економски и политички предизвици, како и во време на забрзано навлегување на вештачката интелигенција во секоја пора од општеството. Овој избор воедно се врши во период на законски реформи на високото образование и науката кои ќе имаат големо влијание врз работата на Универзитетот и неговите единици.
Со цел овозможување на простор за подлабоко запознавање на кандидатите за ректор, како и за овозможување на аргументирана дискусија за нивните насоки и определби, Независниот академски синдикат организира дебата на која се поканети кандидатите за ректор на УКИМ, која ќе се одржи на 23 април 2026 година (четврток), со почеток во 18 часот, на Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Мапа до локацијата: https://maps.app.goo.gl/KdjHqaB1NQrNrJ7V6
Своето присуство на дебатата го потврди кандидатот проф. д-р Дарко Данев, професор на Машинскиот факултет. Сегашната ректорка и кандидатка за реизбор, проф. д-р Билјана Ангелова, не ја прифати поканата заради веќе преземени обврски.
На дебатата се поканети сите членови на научниот, научно-наставниот, административниот кадар на УКИМ, неговите студенти и заинтересирани страни.
Дневен ред
18:00 – 18:30 Презентација на кандидатите
- проф. д-р Дарко Данев, Машински факултет
18:30 – 19:30 Отворена дискусија и прашања од публиката


