Независниот академски синдикат на третиот редовен конгрес избра ново раководство
На 16 ноември 2024, на Факултетот за драмски уметности се одржа Третиот редовен Конгрес на Независниот академски синдикат, на кој се избра новото раководство на синдикатот. Конгресот го отвори проф. д-р Виктор Стефов од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
На Конгресот за претседател на синдикатот се избра проф. д-р Драгор Заревски, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Со поздравни обраќања се обратија проф. д-р Тоше Арсов од Синдикатот на образованието и науката (СОНК) и од проф. д-р Шефкет Дехари од Синдикатот на вработените на Универзитетот во Тетово, кои ја потенцираа соработката со НАкС и потребата од зголемено синдикално организирање како предуслов за унапредување на состојбите во образованието и науката, како и овозможување подобра заштита на правата на вработените.
На конгресот се презентираше извештајот за работата на синдикатот за периодот 2020-2024 година. Меѓу најзначајните резултати на работата на синдикатот во минатиот период е потпишувањето на Колективниот договор за високо образование и наука во соработка со СОНК, кога за прв пат со колективен договор се регулираа правата и обврските на вработените во високото образование и науката. Покрај тоа, синдикатот се фокусираше на спроведување на проекти и истражувања кои ги анализираа квалитетот на високото образование, влијанието на академската заедница во јавноста, како и финансирањето на високото образование и науката.
Во фокус на идните активности на НАкС ќе бидат заштитата на социо-економската положба на вработените, зачувување и унапредување на универзитетската автономија, заштитата на правата на вработените, зголемување на членството и капацитетите на синдикатот, како и поттикнување на соработката со партнери од државата и странство.
На конгресот беа избрани и новите членови на Советот, Надзорниот одбор и Статутарната комисија на НАкС.
Членови на Советот на НАкС:
- проф.д-р Стојанка Мирчева, СО на Факултет за безбедност, УКЛО
- проф.д-р Бисера Станкова, СО на Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ
- доц.м-р Игор Сековски, Факултет за ликовни уметности, УКИМ
- д-р Елена Мујоска Трпевска, СО на Македонска академија на науки и уметности
- д-р Катерина Петровска-Кузманова, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, УКИМ
- проф.д-р Калина Гривчева Старделова, Медицински факултет, УКИМ
- проф.м-р Маја Стевановиќ, СО на Факултет за драмски уметности, УКИМ
- Љуан Имери, СО на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
- проф.д-р Мери Батакоја, Архитектонски факултет, УКИМ
- проф.д-р Мимоза Ристова, СО на СО на Природно-математички факултет, УКИМ
- проф.д-р Елизабета Бандиловска, СО на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, УКИМ
- проф.д-р Александар Грчев, Стоматолошки факултет, УКИМ
- прод.д-р Неда Здравева, Правен факултет, УКИМ
- проф.д-р Александра Мартиновска Стојческа, Земјоделски факултет и храна, УКИМ
Членови на Надзорниот одбор на НАкС:
- проф.м-р Гоце Наневски, Факултет за ликовни уметности, УКИМ
- проф.д-р Гордана Апостоловска, СО на Природно-математички факултет, УКИМ
- Сафет Блажи, СО на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ
- проф.д-р Мира Беќар, СО на Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ
- проф.д-р Дивна Пенчиќ, Архитектонски факултет, УКИМ
- асс.м-р Надица Сандева Атанасова, Земјоделски факултет и храна, УКИМ
Членови Статутарната комисија на НАкС:
- проф.д-р Сузана Диневска Ќовкаровска, СО на Природно-математички факултет, УКИМ
- проф.д-р Александар Иванов, СО на Факултет за безбедност, УКЛО
- доц.д-р Милка Димитровска, СО на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ
- м-р Цветанка Јаневска, СО на Факултет за драмски уметности, УКИМ
Независниот академски синдикат е формиран на 29 октомври 2016 година, кога за прв претседател беше избрана проф. м-р Маја Стевановиќ, а во 2020 година, за претседател беше избрана проф. д-р Елена Џукеска.