Трет редовен Конгрес на НАкС




Независниот академски синдикат (НАкС) ќе го одржи Третиот редовен Конгрес на 16. ноември 2024 година, во просториите на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ул. Руѓер Бошковиќ бр. 22, Скопје), со почеток во 11 часот. НАкС ги поканува своите членови да земат учество на конгресот.

Дневен ред на настанот

11:00 – 11:15 Регистрација на делегатите и гостите
11:15 – 11:20 Отворање на настанот – проф. д-р Виктор Стефов
11:20 – 11:30 Поздравни обраќања
11:30 – 14:30 Работен дел на конгресот според предложениот дневен ред доставен со поканата за Конгрес
1. Донесување Деловник за работа на Третиот Конгрес на НАкС.

2. Усвојување на Дневниот ред.

3. Избор на работни тела на Конгресот:

  • работно претседателство;
  • верификациона комисија;
  • записничар и двајца оверувачи на записникот.

4. Извештај на претседателот на НАкС за работата и активностите на синдикатот, во периодот помеѓу Вториот и Третиот конгрес.

5. Усвојување на нов пречистен текст на Статутот.

6. Усвојување на Програмски насоки за работењето на НАкС во следните четири години.

13:00 – 13:15 Кафе пауза
13:15 – 14:30 7. Избор на органи и тела на НАкС:

  • претседател на НАкС;
  • членови на Советот на НАкС;
  • членови на Надзорниот одбор на НАкС;
  • членови на Статутарната комисија на НАкС.

8. Разно.

14:30 Коктел