Во прилог можете да ги најдете обраќањата на истражувачите проф. д-р Драгор Заревски, проф. д-р Мирјана Најчевска и проф. д-р Бисера Станкова, за документот Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата.

Вовед во документот

Влијанието на високото образование и специфично на универзитетите врз пошироката заедница, приватниот сектор и процесите на донесување одлуки во потесната и пошироката заедница е тема која, во светски размери, сè почесто се спомнува во последните дваесетина години.

Најновиот правец на развој сугерира потреба од зголемено влијание на високото образование. Во оваа смисла веќе не се зборува само за двете основни мисии на високото образование (обука и истражување) туку и за трета мисија (услуги за општеството). И обуката и истражувањето имаат директно и индиректно влијание врз општествениот развој и развојот на конкретната заедница (со обука на кадри, нови откритија, кумулација на знаења,…), меѓутоа, непосредното влијание најмногу се остварува преку третата мисија – услуги за општеството.

Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.