Министерството за образование и наука најави измени на Законот за високо образование. Но, дел од академската фела реагираше дека не била консултирана. Запознаени ли сте што предвидуваат измените?

„Би било непријатно да шпекулирам за измените и за намерите, но од друга страна, по однос на она што излезе во медиумите како конкретни предлози, ректорот на УКИМ не негираше дека ги доставил, и тоа предлози доставен од страна на ректорот на УКИМ, не од страна на Универзитетот, бидејќи не е спроведена никаква постапка на јавна расправа низ органите и телата на универзитетот. Ректорот не демантираше дека тие предлози коишто се излезени во јавноста и за кои патем коментираат професори од УКИМ, не демантираше дека не се вистинити, а потврди дека излегол со предлози на барање на Интеруниверзитетската конференција.“ – изјави проф. м-р Маја Стевановиќ во интервју за Радио Слободна Европа.

Погледнете го целосното интервју на професорката Маја Стевановиќ за Радио Слободна Европа, во кое професорката зборува за студентсиот стандард и кратењето на буџетските средства во време на криза, колективниот договор, но и за евентуалните измени на Законот за високо образование.