Во прилог можете да ги најдете обраќањата на истражувачките проф. д-р Неда Здравева и проф. д-р Мира Беќар, за документот Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи.
Вовед во документот
Позициите за тоа што е квалитетно образование се различни во зависност од очекувањата – во рамките на академската заедница тие се различни кај наставниците и кај студентите, во пошироката општествена заедница се различни за деловната заедница, за владиниот сектор, за граѓаните. Но, она што е заедничко и за што несомнено сите се согласуваат е дека квалитетот на високото образование ги диктира текот и развојот на општеството и на државата. Спроведеното истражување во рамките на проектот покажа дека студентите главно се задоволни од квалитетот на високото образование, но единствено во делот што се однесува на теоретската настава. Студентите сметаат дека сепак, за да се смета севкупното образование за квалитетно, треба значително да се унапредат застапеноста на практичната настава во содржините на студиските и на наставните програми и инфраструктурните услови за спроведување на практичната настава. Дополнително, студентите сметаат дека нивното влијание за подобрувањето на содржините на студиските и на предметните програми, начинот на изведувањето на наставата и севкупното функционирање на високообразованите установи е крајно ограничено. Ова особено се однесува на третманот на резултатите од самоевалуациите – анкетите, кои се задолжителна обврска за студентите, но имаат различен третман од страна на установите.
Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.