Во интервјуто дадено за Умно, насловено „На студентите им фали пракса, неспремни за работа ги завршуваат студиите“, проф. д-р Мирјана Најчевска се осврнува на потребата за повисоко присуство на академскиот кадар во создавањето на јавните политики, но и за нејзината соработка со приватниот сектор. Таа ги презентира наодите од документот „Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата“, во кој покрај Најчевска работеа и проф. д-р Драгор Заревски, проф. д-р Бојана Наумовска, доц. д-р Бисера Станкова и м-р Љуан Имери.
– Создавањето клима за спроведување системски решенија е поврзано како со владејачката структура така и со самата академска заедница. Прво, на проблемот мора да се погледне низ перспективата на еден поширок контекст на разбирање на улогата на образованието и на функционирањето на демократската држава од страна на оние кои се дел од одлучувањето во државата. Потребно е такво ниво на зрелост на страна на структурите на власта кое овозможува фактичко, вистинско прифаќање на образованието како суштински фактор во развојот на заедницата, и, третман на образованието како неопходен партнер во одлучувањето. Ова подразбира и разбирање на улогата на образованието во понудата на алтернативни решенија, промоција на различноста, слободата на изразување, и секако градењето на политики базирани на податоци и резултат на информирано одлучување на инволвираните – вели Најчевска.
Целосното интервју прочитајте го на Умно.мк