Дебатата за Законот за високото образование во медиумите

Независниот академски синдикат (НАкС) на 16. декември 2022 година одржа отворена дискусија насловена „Законот за високото образование: Искуства од примената и потреба за промени“.
27 декември 2022/by admin

НАкС организира отворена дискусија за Законот за високотo образование

Дискусијата ќе се одржи во петок, 16. декември 2022 год. со почеток од 11.00 часот во Кинотека на Република Северна Македонија.
2 декември 2022/by admin

МОН ја повторува 2014-та со процесот на измени на ЗВО

Во „протечените“ документи, видовме дека главна преокупација на измените е како мандатите на деканите и ректорите да се зголемат од три на четири години, како нивните управи да ги преземат ингеренциите на наставно-научните совети и универзитетскиот сенат, како спроведувањето на постапката за нивниот избор да се врати во мала и „избрана“ група, додека за наставниците и научниците се планираат „само“ никогаш неразбраните импакт фактори како „магла“ која треба да ги подисплаши и дополнително покори.
18 ноември 2022/by admin
Насобрани студенти кои протестираат пред Собрание.

Поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард

Независниот академски синдикат (НАкС) дава целосна поддршка на барањата за заштита на студентскиот стандард. Заедно сме со нашите колеги студенти секогаш кога ќе биде загрозен студентскиот стандард и правото на квалитетно високо образование и наука.
15 ноември 2022/by admin

НАкС одржа состанок со МОН, ќе продолжат разговорите за усогласувањето на Колективниот договор со минималната плата

Независниот академски синдикат (НАкС) и Министерството за образование и наука (МОН), вчера, на 13 април 2022, одржаа состанок во врска со состојбите во високото образование и науката. На состанокот се разгледуваа условите за работа во јавните универзитети и финансирањето, со посебен акцент на неусогласеноста на Колективниот договор во високото образование и науката со новиот Закон за минимална плата од 2022 година.
14 април 2022/by admin

Го поддржуваме штрајкот на СОНК и бараме усогласување на платите во високото образование и науката

Бараме Министерството за образование и наука да биде одговорен партнер во социјалниот дијалог и веднаш да ги започне разговорите за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со Законот за минимална плата од февруари 2022 и на тој начин да ја заштити неговата функционалност.
12 април 2022/by admin

НАкС со поддршка на КСС и СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата

29 март 2022/by admin

Покачувањето на минималната плата е чекор напред, очекуваме зголемување и на другите плати согласно колективните договори

Независниот академски синдикат го поздравува покачувањето на минималната плата, кое е усвоено на последниот Економско-социјален совет.
9 февруари 2022/by admin

Академската заедница треба да има поголемо влијание во општеството

Независниот академски синдикат (НАкС) на 27.11.2021 год. (сабота) во Хотел „Карпош“, организираше јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата“.
27 ноември 2021/by admin

Презентација на документ „Присуството во јавноста на академскиот кадар и високообразовните установи и нивното влијание во заедницата“

25 ноември 2021/by admin

Презентирани согледувањата и препораките од документот „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“

Нашиот академскиот кадар доста време посветува на научноистражувачката работа и настава (предавања, вежби и консултации), а помалку на административна работа. Мнозинство од професорите и асистентите кои предаваат на студии од прв циклус работат со групи до 30 студенти по еден предмет, а една третина од нив најчесто работи и со поголеми групи составени од 31 до 100 студенти.
21 ноември 2021/by admin

Презентација и дискусија за документот „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“

Во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) во недела, 21. ноември 2021 год. со почеток од 11.00 часот во Хотел „Карпош“ (ул. Шекспирова бр.2, Скопје) ќе се одржи јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“.
20 ноември 2021/by admin