Интервју со проф. д-р Виктор Стефов: Потребни се големи вложувања и реформи во високото образование и научноистражувачката дејност во нашата држава

Во ова интервју со професорот д-р Виктор Стефов од Институтот за хемија на ПМФ при УКИМ, претседател на Комисија за следење на условите за работа на научната и уметничката дејност при НАкС, разговараме за универзитетските ранг-листи, финансирањето на научноистражувачката дејност во Македонија, задржувањето на младите и квалитетни кадри во науката, како и потребата од општествен консензус за развој на научноистражувачката дејност.