НАкС одржа состанок со МОН, ќе продолжат разговорите за усогласувањето на Колективниот договор со минималната плата
Независниот академски синдикат (НАкС) и Министерството за образование и наука (МОН), вчера, на 13 април 2022, одржаа состанок во врска со состојбите во високото образование и науката. На состанокот се разгледуваа условите за работа во јавните универзитети и финансирањето, со посебен акцент на неусогласеноста на Колективниот договор во високото образование и науката со новиот Закон за минимална плата од 2022 година.