Стевановиќ: Се атакува врз автономијата на високото образование

„Ректорот не демантираше дека тие предлози коишто се излезени во јавноста и за кои патем коментираат професори од УКИМ, не демантираше дека не се вистинити, а потврди дека излегол со предлози на барање на Интеруниверзитетската конференција.“

МОН ја повторува 2014-та со процесот на измени на ЗВО

Во „протечените“ документи, видовме дека главна преокупација на измените е како мандатите на деканите и ректорите да се зголемат од три на четири години, како нивните управи да ги преземат ингеренциите на наставно-научните совети и универзитетскиот сенат, како спроведувањето на постапката за нивниот избор да се врати во мала и „избрана“ група, додека за наставниците и научниците се планираат „само“ никогаш неразбраните импакт фактори како „магла“ која треба да ги подисплаши и дополнително покори.

Мимоза Ристова: Со намалување на буџетот за наука и истражување државата ги брка младите

Професорката Мимоза Ристова во дебата за ТВ Клан зборува за студентскиот стандард и за огромното намалување на буџетот за наука во 2023-та година, во кој за научни истражувања е предвидено намалување на средствата за 63% во споредба со буџетот за 2022-та година.

Поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард

Независниот академски синдикат (НАкС) дава целосна поддршка на барањата за заштита на студентскиот стандард. Заедно сме со нашите колеги студенти секогаш кога ќе биде загрозен студентскиот стандард и правото на квалитетно високо образование и наука.