Обраќања на истражувачите за документот „Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата“

Во прилог можете да ги најдете обраќањата на истражувачите проф. д-р Драгор Заревски, проф. д-р Мирјана Најчевска и проф. д-р Бисера Станкова, за документот Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата.

Обраќања на истражувачите за документот „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“

Во прилог можете да ги најдете обраќањата на истражувачите проф. д-р Петар Атанасов, доц. д-р Јован Близнаковски и проф. д-р Бојана Наумовска, за документот Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди.

Обраќања на истражувачите за истражувањето „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“

Во прилог можете да ги најдете обраќањата на истражувачките проф. д-р Неда Здравева и проф. д-р Мира Беќар, за документот Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи.

Мирјана Најчевска: Ни требаат системски решенија

Создавањето клима за спроведување системски решенија е поврзано како со владејачката структура така и со самата академска заедница. Прво, на проблемот мора да се погледне низ перспективата на еден поширок контекст на разбирање на улогата на образованието и на функционирањето на демократската држава од страна на оние кои се дел од одлучувањето во државата.

Петар Атанасов: Многу ниско е оценет квалитетот на науката

Според Атанасов, истражувањето покажало дека едно од најважните прашања на кое треба да му се обрне најголемо внимание е младиот наставен и научен кадар: нивното примање, усовршување, напредување, финансирање на нивни проекти и истражување, поддршка за публикување и нивна промоција во значаен и вреден дел од нашата општествена стварност.

Мира Беќар: Не би ја обвинувала короната за сè

Според Беќар, во минатото се вовела задолжителна пракса без која студентите не можеле да запишат/заверат семестар ниту да дипломираат.