МОН ја повторува 2014-та со процесот на измени на ЗВО
Во „протечените“ документи, видовме дека главна преокупација на измените е како мандатите на деканите и ректорите да се зголемат од три на четири години, како нивните управи да ги преземат ингеренциите на наставно-научните совети и универзитетскиот сенат, како спроведувањето на постапката за нивниот избор да се врати во мала и „избрана“ група, додека за наставниците и научниците се планираат „само“ никогаш неразбраните импакт фактори како „магла“ која треба да ги подисплаши и дополнително покори.