Синдикалното здружување вреди!
На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката, дека синдикалното здружување вреди и дава резултати!
На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката, дека синдикалното здружување вреди и дава резултати!
Независниот академски синдикат (НАкС) на 29.03.2023 година оствари средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН), на која се разговараше за потпишување на нов гранков колективен договор за високо образование и наука.
Во изминатиот временски период стана зачестена пракса платите на вработените на јавните универзитети да се исплатуваат со задоцнување, надвор од законски предвидените 15 дена по изминување на исплатниот период.
Независниот академски синдикат – НАкС ја препознава потребата од донесување системски и кохерентен закон со кој би се дефинирала методологијата и постапката за формирање на платите на сите вработени во јавниот сектор. Со сеопфатно, интерсекторско регулирање на оваа материја, конечно, би се уредил хаосот кој со децении владее во оваа сфера – би се обезбедила правичност и сигурност на социоекономската положба на вработените, а истовремено, позитивно би се влијаело врз квалитетот на извршувањето на дејностите од јавниот сектор.
Независниот академски синдикат (НАкС) на 16. декември 2022 година одржа отворена дискусија насловена „Законот за високото образование: Искуства од примената и потреба за промени“.
Дискусијата ќе се одржи во петок, 16. декември 2022 год. со почеток од 11.00 часот во Кинотека на Република Северна Македонија.
Во „протечените“ документи, видовме дека главна преокупација на измените е како мандатите на деканите и ректорите да се зголемат од три на четири години, како нивните управи да ги преземат ингеренциите на наставно-научните совети и универзитетскиот сенат, како спроведувањето на постапката за нивниот избор да се врати во мала и „избрана“ група, додека за наставниците и научниците се планираат „само“ никогаш неразбраните импакт фактори како „магла“ која треба да ги подисплаши и дополнително покори.
Независниот академски синдикат (НАкС) дава целосна поддршка на барањата за заштита на студентскиот стандард. Заедно сме со нашите колеги студенти секогаш кога ќе биде загрозен студентскиот стандард и правото на квалитетно високо образование и наука.
Независниот академски синдикат (НАкС) и Министерството за образование и наука (МОН), вчера, на 13 април 2022, одржаа состанок во врска со состојбите во високото образование и науката. На состанокот се разгледуваа условите за работа во јавните универзитети и финансирањето, со посебен акцент на неусогласеноста на Колективниот договор во високото образование и науката со новиот Закон за минимална плата од 2022 година.
Бараме Министерството за образование и наука да биде одговорен партнер во социјалниот дијалог и веднаш да ги започне разговорите за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со Законот за минимална плата од февруари 2022 и на тој начин да ја заштити неговата функционалност.
Независен академски синдикат
ул. Славе Деловски, бр. 7, 1000 Скопје
nezavisen.akademski.sindikat@gmail.com
